Популарниот, а понекогаш и контроверзен јутјубер PewDiePie, беше прогласен за маж со најубаво лице во 2020 година, според традиционалната листа на TC Candler и Независни критичари.
View this post on Instagram
Два дена по католичкиот Божиќ, TC Candler објави список со најубавите лица во 2020 година, а ласкавата титула му припадна на триесет и едногодишниот Швеѓанец Феликс Арвид Улф Кјелберг, попознат под прекарот PewDiePie.
View this post on Instagram
Иако има еден куп следбеници и луѓето го обожаваат неговиот хумор, фановите се прилично изненадени – како што велат, тој отстапува од стандардните норми на убавина.
Својата реакција PewDiePie ја објави на YouTube.
Во конкуренција за жени, 19-годишната Јаел Шелбија, инаку израелски војник, беше на врвот на списокот.
View this post on Instagram
Фото: .instagram.com/pewdiepie/