(ВИДЕО+ФОТО) ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНАЛЕ 3.000 ЛУЃЕ ВО ЦЕЛ СВЕТ: Починал висок функционер на Иран, музејот „Лувр“ и денес ќе биде затворен…

Во копнениот дел на Кина, во неделата биле потврдени 202. нови случаи на коронавирус, што претставува голем пад на бројот на заболени за еден ден, затоа што претходниот ден се пријавени 573. нови случаи, соопшти денеска Националната здравствена комисија. Вкупно 3.000 луѓе починале од коронавируси ширум светот.

Висок функционер на Иран починал од коронавирус
Еден член на советодавното тело на врховниот водач на Иран, Али Хамнеи, починал од коронавирус, објави денес иранското државно радио.
Членот на советот зе експедитивност, Мохамед Мирмохамади (71), кој почина во болницата во Техеран, е првиот висок функционер во земјата кој и подлегнал на оваа болест, пренесува АП.
Во Иран има и други службени лица заразени од коронавирус, вклучувајќи ја и потпретседателката Масумех Ебтекар, попознат како сестра Марија, која беше портпарол на студентите кои ја окупираа американската амбасада во 1979. година во Техеран.
Се разболел и Ирај Хариричи, шеф на владиниот тим за коронавирус, кој се обидел да ја намали сериозноста на епидемијата пред да се разболи, пренесува АП.
Во Иран се потврдени 978. случаи на коронавирус, а досега починале 54 лица.

„Лувр“ и денес ќе биде затворен


Најпознатиот француски музеј „Лувр“ во Париз не е отворен за посетителите утрово, поради опасност од ширење на коронавирусот. Одлуката да не се отвори музејот денес е донесена по состанокот на раководството и работниците, кои разговарале за ризиците, пренесе Ројтерс.
На влезот во музејот е истакната табла на неколку јазици дека отворањето на музејот е одложено и денес и дека посетителите ќе бидат информирани што е можно поскоро за отворањето на музејот.
Неколку десетици туристи и љубители на уметноста чекале пред билетарницата, додека други се откажале и си заминале.


„Лувр“ бил затворен и вчера а претставник на синдикатот изјавил за АП дека се многу загрижени затоа што посетители доаѓаат од целиот свет.
Француската влада ги забранила сите јавни собири во затворени простории каде би можеле да се соберат повеќе од 5.000 луѓе.

Во Јужна Корека уште 476. нови случаи, имаат вкупно 4.212 заболени
Јужна Кореја, земја која е најпогодена од коронавирусот после Кина, денес објавиле 476. нови случаи, со што вкупниот број заразени е 4.212, соопштија од Центрите за контрола и спречување на болести.
Во соопштението се вели дека бројот на починатите се искачи на 22. од 20. претходниот ден, пренесува Ројтерс.


Министерката за образование на Јужна Кореја, Јо Еун-хе објавила дека почетокот на учебната година во земјата ќе биде одложен за две недели, до 23 март.
Таа оценила дека две недели се неопходни за намалување на епидемијата и најавила дека на студентите ќе им се обезбеди часови преку Интернет за да не губат од наставата.

Осми случај на коронавирус во Хрватска
Во Хрватска е потврден уште еден случај на коронавирус, со што бројот на заразени во таа земја се искачи на осум.
Според седиштето на цивилната заштита, новиот случај е потврден од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, а станува збор за лице кое било во близок контакт со заразените од Ријека, пренесува Хина.


Бројот на починати од коронавирус се искачил на 3.000
Смртните случаи на коронавирус ширум светот достигнаа 3.000 откако Кина објави уште 42. нови случаи, но смртни случаи се пријавени во десет други земји.
Највисок број на жртви, повеќе од 90. проценти, има во централната кинеска провинција Хубеи, каде што вирусот се појави кон крајот на минатата година.
Повеќето смртни случаи надвор од Кина има во Иран, каде што починале повеќе од 50 луѓе и Италија, со повеќе од 30 мртви.

Пријавени се скоро 90.000 случаи низ целиот свет, при што бројот сега расте побрзо надвор од Кина отколку во земјата, јавува Би-Би-Си.
Според Светската здравствена организација, повеќето заразени лица имаат лесни симптоми само на коронавирус, со стапка на смртност меѓу 2. и 5. проценти.
Организацијата, за споредба, посочува дека просечната смртност од сезонски грип е околу 0,1 процент, но дека е мошне заразна, со тоа што секоја година умираат 400.000 луѓе.
Додека бројот на заразени лица во Кина опаѓа, има големо зголемување на зачестеноста на болеста во остатокот од светот.
Во најранливата земја во Европа, Италија, бројот на заразени лица се зголеми двојно за 48. часа. Бројот на починати во таа земја е најмалку 34., а потврдени се и 1.694 инфекции.

Коронавирус во Кина
Вкупниот број потврдени случаи на коронавирус во Кина достигнал 80.026.
Бројот на загинати во Кина вчера се зголемил за 42. и достигна 2.912.
Сите вчерашни смртни случаи се случиле во централната провинција Хубеи, епицентарот на епидемијата, а 32. лица загинале во главниот град Вухан.
Вчера, за прв пат од јануари, во таа провинција биле пријавени помалку од 200. нови случаи на коронавирус.
Во Хубеи во неделата биле потврдени 196 нови случаи, голем пад на бројот на пациенти во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 530 нови случаи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …