(ВИДЕО+ФОТО) „Никој нема да биде Индијана Џонс!Јас сум Индијана Џонс. Кога мене ме нема, го нема ниту него!“

И’ покрај тоа што се зборува дека Крис Прат би можел од Харисон Форд да ја преземе улогата на Индијана Џонс, во некое од следните продолжувања, славниот глумец тврди дека нема ништо од тоа.


„Никој нема да биде Индијана Џонс! Зарем не сфаќате? Јас сум Индијана Џонс. Кога мене ме нема, го нема ниту него. Едноставно е!“, изјавил 78. годишниот Харисон Форд.
„Многу е тешко да се најде начин тоа да му се соопшти на Крис Пајн. Жал ми е момче!“, возвратил Форд, намерно заменувајќи го Прат со Пајн.

Името на Прат се врзува за ликот на Индијана Џонс уште од 2015. година и тоа откако „Дизни“ ги презел правата на филмот од „Парамунт“.
Прат веќе се докажал во акционите филмови „Осветници:Крај на играта“ и „Светот од доба на Јура“, но овој 39. годишник се чини нема наскоро да стане и Индијана Џонс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …