(ВИДЕО+ФОТО) Неверојатна преобразба на Реј од „Биг бенг теорија“ – сега игра ладнокрвен убиец!

АКТЕРОТ Кунал Најар со светска слава се стекна со улогата на симпатичен „генијалец“ во серијата „Биг бенг теорија“.
Сега ги изненади обожавателите со сосема друга улога. Во серијата „Криминалци“ на Нетфликс, тој го игра осудениот убиец Сандип Синг, кој се обидува да склучи договор со детективите.
За улогата на студен и пресметан убиец кој повеќе не може повеќе да се разликува од смотаниот Реј, актерот, признава, само се пријавил.


“Важно е да се направи нешто што ќе ги надмине границите. Сакав да се осигурам дека луѓето ќе ја коментираат мојата следна улога:’Чекај, кој е ова? О, Боже, дали е тој ликот на Биг Бенг теоријата? Наместо да кажат ‘Да, ете го Реј кој глуми убиец’“.


Тој се пофали и со својата нова улога на Инстаграм, а фановите му напишале дека едвај чекаат да го видат. На некои особено им се допаднало тоа што со него глуми и Кит Харингтон, славниот Џон Сноу од „Игра на тронови“.
Актерката Кејли Куоко, Пени од „Биг Бенг теоријата“, исто така била воодушевена.


„Ова изгледа навистина добро“, напишала таа во коментарите.


„Ова изгледа одлично, едвај чекам да го видам“, „Изгледа совршено“, „Едвај чекам“, „Џон Сноу и Рајеш Коутрапали заедно“, беа некои од другите коментари.


Кунал Најар не е единствениот актер од „Биг Бенг теоријата“ кој ги изненадил гледачите со својата нова улога. Неговиот колега од серијата Џим Парсонс, кој го играше Шелдон, се појави во серијата на Нетфликс, „Холивуд“ во улога на ловец на таленти од златното доба во Холивуд, а на луѓето неговиот лик им бил толку одбивен што беа коментирале колку го мразат и колку се плашат од него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …