(ВИДЕО+ФОТО) Наполнил 80. години: Чак Норис не слави роденден, роденденот го слави него!

Глумецот Чак Норис вчера го прославил 80. роденден…
Роден како Карлос Рој Норис, прекарот го добил додека како 18. годишник служел во воздухопловните сили. Додека бил стациониран во воздухопловната база Осан, во Јужна Кореја, почналд а ги учи боречките вештини.


Норис бил првиот од западот кој во таекво го заработил црниот појас од 8. степен. Во 1972. година се појавил во филм за боречки вештини, The Way of the Dragon,каде тој и Брус Ли ја имале легендарната сцена на борба во римскиот Колосеум.


Норис глумел и во хит серијата „Вокер, тексашки ренџер“, хит серија од 1990. ттите која траела осум сезони.


Вицевите за Чак Норис обично се апсурдно преувеличување на жилавоста на Норис, силата, ставот, софистицираноста и мажевноста. Со текот на годините станале феномен на интернет.
„Чак Норис има каскадер само за сцени кога треба да плаче“, „Чак Нориус ја изел тајната вечера“, „Чак Норис е единствениот човек кој успеал да ја убеди својата баба дека не е е гладен“, „Чак Норис редовно подарува крв, но не своја“, се само некои од вицевите за легендарниот лик и дело на Чак Норис.



Самиот Норис изјавил дека неговата лична омилена шега е дека луѓето (меѓу монументалните 18. метарски скулптури на глави на бившите претседатели на САД) сакале да го додадат Чак Норис, но дека гранитот не бил доволно цврст за неговата брада.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …