Детскиот фестивал Поточиња 2020 се одложува: новиот термин ќе биде дополнително утврден и објавен

Поради настанатата ситуација со корона вирусот и согласно мерките од надлежните институции, ве известуваме дека Детскиот фестивал Поточиња 2020 закажан за 21. и 22. март во Македонска опера и балет СЕ ОДЛОЖУВА.

Со оглед на природата на настанатата ситуација, информираме дека новиот термин за одржување на фестивалот ќе биде дополнително утврден и објавен, согласно состојбата во државата, во период кој ќе биде апсолутно безбеден за децата и граѓаните.


Сите кои набавиле билети ќе можат да извршат повраток на средствата на истото продажно место на кое ги купиле билетите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …