Илјадници огромни камени тегли извираат од земја (Лаос) која, како и нејзиното соседство, беше уништена од бомби за време на Виетнамската војна, во близина на градот Понсаван. Тие се недопрени!
Наизглед случајно расфрлани низ долината, некои од нив високи три метри, а широки еден метар – тие и денес се вистинска мистерија.
За што се тие, кој ги направил и зошто се таму?
Ова чудо се наоѓа во провинцијата Сенг Хуанг, во северниот дел на Лаос. Се верува дека потекнува од железното време, а во триесеттите години на минатиот век биле пронајдени остатоци од човечки скелети, како и железни алатки и бронзен накит. Дали се тоа погребни урни, споменици на мртвите? Или можеби се користеле за складирање на вода? Никој не знае!
До денес, на речиси 100 локации се пронајдени чудни тегли. Секојдневно се проучуваат, но се уште не е откриено дали тие, а се тешки и до 30 тони, се транспортирани од каменолом на околу осум километри. Можеби, но како ги префрлиле во тој случај, дали ги тркалале до нивното почивалиште? Како?
Ништо не се знае за оние кои ги создале, освен дека овој неверојатен подвиг бара голема организација, огромна вештина и огромна, напорна работа.
Ова поле е под заштита на УНЕСКо а неодамна во истражувањето се вклучиле и екипи од Австралија.
Фото: en.wikipedia.org