(ВИДЕО+ФОТО) Чоколаден дедо Мраз со маска преку лицето е хит подарок во Унгарија

Лајосмиже,е унгарски град каде граѓаните за новогодишните празници ќе можат да купат чоколаден Дедо Мраз со маска над лицето. Во духот на празниците и епидемијата.
„Овие мали маски ги правам од марципан и ги ставам на лицето на Дедо Мраз, но внимателно за да му ги покријам устата и носот. Го замисливме како шега, но привлече внимание на голем број луѓе, доживеавме и големи напади”, вели производителот на чоколадо Ласло Римоци.
Отпрвин клиентите биле запрепастени, но сега имаат голем број нарачки. Во нивната работилница, тие прават просечно околу 100. фигури на Дедо Мраз на ден.


„Проблемот беше во маските и зошто промовирам носење маски кои не се воопшто пријатни или практични. Од моја гледна точка, кога ќе дојде времето на Дедо Мраз, сите ќе мора да носиме маски, а Дедо Мраз традиционално е добар пример и испраќа силна порака до децата. Иавме веќе спакувавме чоколадни Дедо Мразовци, но мораше да ги распакуваме и да ставиме маска, бидејќи клиентите сега сакаат Дедо Мраз само со маска“, изјавил Римоци.



„За жал, ова е главната тема и горливиот проблем денес, затоа ќе купам еден, само за да го имам дома“, вели еден од клиентите.
Покрај овој најбаран чоколаден производ, во оваа работилница се произведуваат и други производи од чоколадо, а сопственикот вели дека преживеале големата криза по првиот бран на коронавирус. Додека ја пишувал сметката до купувачот и спакувал друг Дедо Мраз, продавачот се надева дека следната година овој тренд ќе биде само сеќавање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …