(ВИДЕО) За овој наједноставен колач ви требаат пет состојки: Сигурно често ќе го правите!

Аматаерската слаткарка, Елоиз Хед сподели рецепт што го полуде светот. За нејзиното брауни со Нутела, не треба воопшто да ја вклучите рерната, а ви требаат само пет состојки: 90 грама бисквити, 250 грама шеќер во прав, 120 грама путер, 200 грама бело чоколадо и 300 грама Нутела.
„Тие се супер слатки и имаат вкус на Нутела“, напишала таа, предупредувајќи дека создаваат „зависност“.
Ги изронила бисквитите и ги измешала со стопен путер и шеќер во прав, а потоа додала 250 грама Нутела. Добро ги соединила состојките и ги притиснала во дното на тавата покриена со хартија за печење.
Таа го стопилабелото чоколадо и го истурила врз основата и го раширила рамномерно, а потоа го додала остатокот од Нутелата за декорација.
По еден час во фрижидер, вкусниот колач е подготвен за сервирање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …