(ВИДЕО Водителка суспендирана поради безопасна шега: И се заканува отказ!

Неименувана водителка од Кувајтската национална телевизија, која ја води Министерството за информирање, би можела да добие отказ поради непромислена изјава во директен пренос…
Таа за време на директниот пренос од покраинските избори во таа земја на својот колега му кажала дека би требало да престане да ја мести марамата на главата бидејќи веќе е згоден.
Додека многумина веруваат дека шегата не била намерна и дека водителката само погрешно се изразила, нејзината изјава предизвикала бес кај многу врховни официјални лица, пренесува весникот Al kabas.
Мислењата на социјалните мрежи се поделени, па така поедини корисници сметаат дека казната е претерана додека други наведуваат дека е оправдана.
Водителката е привремено суспендирана,а поради таа изјава би можела да остане без работа.
Истрагата е во тек.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …