(ВИДЕО) Во полна брзина се забил во наплатна куќичка: Преживеал!

УШТЕ ЕДЕН пример што бара претпазливост при возењето.
Според достапните информации, возачот на Кија преживеал сообраќајна несреќа во која со голема брзина удрил во заштитната бариера пред наплатната рампа. Како што покажува видеото, Полјакот со неприлагодена брзина се приближувал до наплатните рампи и потоа, од необјаснива причина, нагло се сврте кон бетонската пречка.
Сообраќајната несреќа се случила во средината на февруари недалеку од градот Торун. Од силината на ударот, автомобилот се издигнал на две тркала и скоро целосно ја уништил бариерата што амортизира. На снимката се гледаат и возачите на Шкода и Мерцедес кои најверојатно останале запрепастени откако биле сведоци на несреќата.
И сега најинтересното нешто. Во описот на видеото се вели дека возачот на Кија избегал од местото на несреќата во блиската шума. Полицијата го пронашла неколку дена подоцна.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …