(ВИДЕО) Вин Дизел отиде во пејачи: Објавил сингл со познат ди-џеј

Актерот Вин Дизел одлучил да запее во соработка со норвешкиот диџеј Кајго, со кого го претстави својот прв сингл „Feel Like I Do“.
„Одамна најавував дека ќе започнам да се бавам со музика. Вие ме охрабривте да излезам од сопствената зона на удобност. Ви благодарам што ми верувате. Како и секогаш, се надевам дека ќе бидете горди“, коментирал актерот. Електро-денс песната веќе предизвикала бројни коментари.


“Не е лошо. Но, оваа 2020 година е навистина луда кога и Вин пропеа“, е еден од коментарите. Инаку, актерот привлече внимание во 2013. година кога за Денот на вљубените ја отпеа песната на Ријана „Stay“. Во тоа време, обожавателите се шегуваа дека е „мачо“ тип кој пее „поп-песнички“.


Секако, Дизел продолжува да снима филмови, а на почетокот на годината се појави во главната улога во акциониот филм „Bloodshot“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …