Кафеава мечка нападнала и изела 16-годишно момче во руски национален парк, додека друг турист избегал на нејзините канџи, откако ја прободел со џебен нож во вратот.
Мечката се преправала дека е мртва откако туристот ја прободел со нож, но потоа била пронајдена и застрелана.
Кога туристот ја избоде мечката со нож, неговиот придружник истрчал кон кампот и го вклучил алармот. Инспекторите во националниот парк „Ергаки“ притрчале на местото на настанот и нашле мечка како лежи над полуизедните остатоци од тинејџерот.
Тие отвориле оган и ја раниле мечката, која потоа избегала. Следното утро ја нашле и ја убиле затоа што се обидела да ги нападне и нив.
View this post on Instagram
Настраданиот млад човек работел како водич за група туристи кога биле нападнати од мечка. Него го убила, но друг турист успеал да избега, ранувајќи ја претходно со нож.
Официјални лица објасниле дека мечките во Рускиот национален парк биле гладни поради долгата зима, и дека момчето е убиено затоа што наместо на утврдените патишта во паркот, тој решил да го скрати патувањето.
Извор: dailymail