(ВИДЕО) Црната пантера воодушевила со луксузната вила на плажа во Кенија

Манекенката се вљубила во Малинда во 1999. година, а веќе со години доаѓа да ги „наполни батериите“.
Еден од највлијателните модели на сите времиња, Наоми Кембел, ужива во прекрасен имот во Кенија повеќе од 20. години, а сега ја покажала и внатрешноста на вилата. Следбениците на социјалните мрежи и рекле дека изградила совршен живот за себе.
„Доаѓам овде да се опуштам, можам целосно да се исклучам од секојдневието. Се враќам од Кенија со искрена насмевка“, ја објаснила црната Пантера својата љубов кон Кенија, во која првпат дошла во 1994. година.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


Манекенката се вљубила во Малинда во 1999. година, и со години доаѓала да ги „наполни батериите“, додека ја одржувала својата кариера на завидно ниво.
Луксузниот имот се наоѓа на плажа, има базен, а вилата, според Наоми, е на отворено.
– Сè е под покривот „макути“ и секогаш имам чист воздух, го чувствувам ветерот – рекла таа.
Покривот макути, како и мебелот во вилата се направени од локално од дрво од Кенија. Таа ужива да купува и собира мебел и ракотворби во Египет, Мароко и Каиро.
– Тука има многу простории и одделни агли за релаксација, така што сите можеме да се дружиме и никој никому да не му пречи – изјавила Наоми за „Architectural Digest“.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Architectural Digest (@archdigest)

Наоми во мај ќе наполни 51. година и сè уште е една од најубавите жени во светот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …