(ВИДЕО) „Три писма од Сараево“ утре пред македонската публика:Горан Бреговиќ ќе свири ќе го слави 69. роденден!

22. март е всушност денот на неговиот роденден, па македонската публика ќе биде привилегирана заедно со него да слави во Скопје. По тој повод, Бреговиќ со видео порака и се обрати на македонската публика…
Еден од најголемите балкански и светски музичари на денешнината, Горан Бреговиќ на 22 март доаѓа на концерт во Скопје. Заедно со него на сцената ќе бидат и музичарите на Македонската филхармонија со кои Бреговиќ ќе го изведе своето најново дело „Три писма од Сараево“.


Бидејќи ова шоу не може да се изведе само со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите коишто ги носи на сите концерти, а се дел од овој негов голем проект.
Инаку албумот „Tri pisma iz Sarajeva“ е најпродаван Ethno world album во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, а Бреговиќ за него доби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада. Рецензиите беа објавени и во престижниот британски весник „Гардијан“.


Организаторите најавуваат дека на концертот ќе бидат изведени и други негови хитови, како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези“ и многу други…
22. март е всушност денот на неговиот роденден, па македонската публика ќе биде привилегирана заедно со него да слави во Скопје. По тој повод, Бреговиќ со видео порака и се обрати на македонската публика да ја покани на концерт за да и го претстави светскиот проект “Three Letters from Sarajevo”, како и сите негови најголеми хитови заедно со оркестарот на Македонската филхармонија!


Goran Bregović- еден од најголемите балкански и светски музичари на денешнината Ве кани на концерт каде за прв пат пред македонската публика ќе го претстави светскиот проект “Three Letters from Sarajevo”, како и сите негови најголеми хитови заедно со оркестарот на Македонската филхармонија!Петок, 22-ри март, Вип АренаБилети: www.avalon.mk Горан Бреговиќ на денот на неговиот роденден е во Скопје! Се гледаме!

Gepostet von Avalon Produkcija am Sonntag, 17. März 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …