Отварањето на изложбата е закажано за 25.03.2019 (понеделник) во 20:00 во просториите на Галеријата на Младинскиот Културен Центар во Скопје.
На изложбата ќе бидат преставени четириесеттина уметнички фотографии на двајца современи македонски фотографи – Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски. Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севиља, Гранада, Гразалема, Кадиз и Ронда каде двајцата автори имаа студиски престој во периодот Октомври – Ноември 2017 година. Прикажувајќи ги лугето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија.
Дејан Колевски e Мајстор на фотографија кој има повеќе самостојни изложби, меѓу кои и изложба во Националната галерија на Македонија во Скопје. Во неговите фотографии централното место завзема човекот кој е прикажан во урбана средина. Во оваа серија тој прикажува најразлични сцени од секојдневното живеење.
Кирил Пенушлиски е историчар на уметност кој аматерски се бави со фотографија од 1994 година. Пенушлиски верува дека помалку информации и овозможуваат на фантазијата повеќе да работи. Затоа во неговите фотографии деталната и верната