(ВИДЕО) Топ 5 европски филмови за подобрување на расположение: Необични приказни кои никогаш нема да ги заборавите!

Ладното време е како идеално за гледање филмови, во топол кревет, а овој викенд ви предлагаме неколку кои можат да ви го променат погледот на светот и да ве насмеат до солзи…

„Амелија Пулен“


Амелија Пулен живее со обичен и просечен живот. Само што нејзините сфаќања на светот околу себе не се ниту малку просечни. Отсекогаш осамена и повлечена створила свет на фантазија во кој соништата, желбите и стравовите прават преуабав калеидоскоп, но и’ извор на љубов…


„Големата убавина“


Филмот на италијанскиот режисер Паоло Сорентино го осликува декадентниот свет на високата буржоазија во Рим, во чиј вртлог е Џеп Гамбардела, тажен 65. годишен писател и новинар.Со прекрасните кадри на „вечниот град“ публиката ги следи хедонистичките прошетки…

„Совршени странци“

Сите ние имаме три животи: јавен, приватен и таен. Некогаш тајниот живот е сместен во нашиот ум, а денес е сместен на СИМ картичките. Што би се случило кога таквата картичка би проговорила? Седуммина долгогодишни пријатели се собираат на вечера. Кога ќе одлучат меѓусебно да си ги поделат содржините на своите СМС пораки, и-меилови и телефонски повици, многуте откриени тајни ја нарушуваат тогашната рамнотежа.

„Два дена во Париз“

Сакале со патувањето по Европа да си ја повратат љубовта, а потоа во Париз ги среќаваат нејзините родители и нејзините бивши љубови. Француско-американски пар, Французинката – Марион и Американецот – Џек, се обидува да ја обнови својата врска…

„Диви приказни“

Нееднаквост, неправда и барања на светот во кој живеат предизвикуваат стрес и депресија кај многу луѓе. Некои од нив „пукаат“. Ова е филм за тие луѓе. Ранливи во судир со реалноста која постојано се менува и ненадејно станува непредвидлива, ликовите во филмот „Диви приказни“ ја преминуваат онаа тенка линија која цивилизацијта ја дели од варварството.Предавство на љубовниците, враќање во тешкото минато и насилство се вплеткани во секојдневните средби, ги тераат јунаците во лудило, додека тие попуштаат на неодолливото задоволство кое доаѓа од губењето контрола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …