(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ – Германија во шок: Со џип на пешачка патека газел луѓе – загинале најмалку четири лица од кои и едно дете

Откако автомобил налетал на пеќаци, на пешачки премин, во германскиот град Трир, две лица загинале.
Точниот број на повредени не е познат, иако градоначалникот на тој град изјавил дека најмалку 15 лица се повредени.
„Црниот џип со марка Ровер дивееше низ пешачката зона со брзина од 70 километри на час, а возачот беше уапсен по злосторството“, пренесуваат германските медиуми.
На социјалните мрежи се појави и видео од апсењето, а на него може да се види како полицијата го блокирала возилото и неидентификуваниот човек го држела на земја.
Полициските службеници ги предупредиле луѓето да го избегнуваат местото на несреќата и рекоа дека тие се на лице место заедно со екипите на брзата помош.
Засега не се познати мотивите за овој вандалски чин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …