(ВИДЕО) Стручњак открил кои три грешки ги правиме при перењето и со нив ја уништуваме облеката

Експерт за мода на TikTok тврди дека луѓето често прават три работи и со тоа си ја уништуваат сопствената облека.
Брендон Балфоур објавил видео кое е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати, во кое демонстрира што никогаш не треба да правиме при перење облека.

Висење на алиштата
Висењето облека што треба да се нареди во плакарот е првата грешка, вели Балфоур.
„Работите како џемпери треба да бидат наредени на полици, бидејќи гравитацијата го растегнува материјалот и создава испакнатини на рамената“, објаснил тој.


Користење на омекнувач за ткаенина
Кога перете пешкири или спортска облека, не треба да користите омекнувач, вели Балфоур.
„Омекнувачот за ткаенина може да остави заштитна фолија на спортски материјали што нема да пропуштаат пот, а облеката секогаш ќе смрди.

@yourbrobrandonThings you are doing that is ruining your clothes #clothes #fashiontips


♬ Everywhereigo – Babyxsosa


Перење облека од погрешна страна
Балфоур вели дека некои работи како маици треба да се перат свртени наопаку.
Тој посочува дека тоа нема да создаде несакани дамки на облеката, и дека бојата ќе остане потрајна.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Се заљубуваме во оние кои треба да ни помогнат духовно да растеме

Самата душа ги наоѓа овие луѓе и покрај нашиот здрав разум. Животот го прави она …