(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СЦЕНИ ОД ПАТИШТАТА – ДВА СУДАРИ ЗА НЕКОЛКУ МИНУТИ: Застрашувачки снимки од автопат во Чешка!

Лизгавите патишта честопати се причина за несреќи, што е покажува и снимката од чешкиот град Киншперка.
Чешката полиција објавила видео на кое е забележано како за две минути се случиле неколку судари.
Поточно, еден автомобил прво се судрил со противпожарно возило. Автомобилот се лизгал понатаму, а потоа уште еден дошол со голема брзина и се удрил во противпожарното возило кое што полетало неколку метри и направило силно свртување, од силината на ударот.
Автомобилот е скоро целосно уништен, но за среќа нема мртви.
Двајца повредени се пренесени во болница.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …