(ВИДЕО) Среде Мароко ечеше „Земјо македонска“: Каков дочек за нашите претставнички на светскиот фестивал!

Триото „Divine“ кое го чинат Кристина Палија, Памела Велкова и Александра Трајкова учествуваа на Интернационален фестивал во Мароко, а дочекот бил фантастичен…
Нивниот колега Мике Монатаро од Франција кога ги видел дека пристигнуваат пред концертната сала им ја засвирел „Земјо македонска“ на кавал, а нашите три претставнички немале што освен да запеат…
„Беше прекрасно, имавме чувство како да не сме во Мароко, на фестивал на класична музика туку дома, во Македонија“.Бевме трогнати, солзи ни дојдоа,прекрасно чувство кое не се заборава“, ни рече Кристина Палија.
Погледнете го убавото изненадување за трите Македонки.


Е вака не пречека учесникот од Франција синоќа во #Larache #Morocco 😁😇


Gepostet von Kristina Palija am Freitag, 1. November 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …