(ВИДЕО) Спајдермен бил на погреб на петгодишно момче: Гест на „спасителот“

Полицаецот Дејмон Кол го пронашол Џошуа (5) во базен зад неговата куќа во Тексас. Иако прв одговорил на пријавата за исчезнувањето на момчето и набрзо успеал да го пронајде, сите негови обиди да му го спаси животот беа залудни.
Момчето починало од последиците на давање, а овој полицаец секој ден живеел со тоа дека задоцнил да спаси еден детски живот.
Кога го извлекувал момчето од водата, забележал дека Џошуа носел маичка и патики со знакот на Спајдермен. Овој херој му бил омилен на настраданото момче,а семејството го замолило полицаецот да дојде на погребот токму во костум на овој херој.


Тој го сторил тоа, како симболичен поздрав на малиот Џошуа. Момчето е погребано исто така облечено во костум на Спајдермен.
Инаку овој полицаец е познат по тоа дека често посетува болници во кои се сместени децата кои боледуваат од рак и таму, облечен во костум на херој, се обидува барем малку да им го разубави денот и да им ја врати вербата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …