(ВИДЕО) СНИМЕНО АПСЕЊЕ – Полицајци фатиле американски политичар како „спие“ со кокаин

Републикански градски советник од американската сојузна држава Род Ајленд е во неволја откако минатиот понеделник бил фатен на спиење откако конзумирал крек.
Апсењето, кое е снимено на видео, покажува како човек покрај воланот на автомобил се онесвестил со лула со крек во раката пред полицајците да го претресат.
Загрижениот минувач го видел Метју Рајли (41) како лежи во својот автомобил и повикал полиција.
На видеото се гледа како политичарот, кој е во несвест или длабок сон, го буди полицаец.

„Буквално се гушевте во сон. Некој ме предупреди за тоа“, вели полицаецот.
„Имам апнеја при спиење. Извинете“, вели Рајли, на што полицаецот одговорил: „Па, имаш луле за крек во твоите раце“.
Мажот првично негирал дека има дрога во автомобилот и им рекол на полицајците дека „повторно пушел“ и дека одел на работа.
Полицијата потоа пронашла кокаин во централната конзола на автомобилот, по што Рајли признал дека повторно се вратил на пушењето крек откако бил чист 13 години. Тој тоа го припишувал на „тешкиот развод“. Возачкото седиште било покриено со бели остатоци.
„Ти си советник во Кренстон, пушиш крек, имаш крек на тебе. Што мислиш, што би рекле гласачите?“, го прашува полицаецот на Рали на снимката.
Политичарот, кој е и адвокат, бил уапсен и поднел оставка како советник и претседател на локалниот огранок на Републиканската партија. Тој мора да се појави на суд во јуни.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …