(ВИДЕО) Скандал на доделувањето на Златен глобус во Лос Ангелес: Комичарот на холивудските ѕвезди им се обратил со брутални зборови!

Водителот на годинашната престижна манифестација, која ги наградува најдобрите во светот на филмот и телевизијата, не ги поштедил актерите и режисерите…
На 77-то доделување на наградите Златен глобус во Лос Анџелес, комичарот Рики Џервејз кој по петти пат се нашол во улогата на водител, во воведниот говор кој „пукал“ по цел Холивуд.
Имено, тој на самиот почеток на говорот рекол дека е последен пат да ја води церемонијата на доделување награди и дека не му е грижа што ќе мислат за него. Потоа им забранил на актерите и режисерите да држат политички говори затоа што, тој рекол дека, немаат право да го сторат тоа.
“Ако денес освоите награда, не го користете тоа како платформа за политички говор. Вие работите за компании како Епл, Амазон, Дизни … Ако Исламската држава започна со продукција на Интернет, веднаш ќе се јавите на вашиот агент, зарем не? Вие не сте во позиција да давате лекции на јавноста, за ништо. Вие не знаете ништо за реалниот живот, повеќето од вас поминавте помалку време на училиште од Грета Тунберг “, рекол тој, и додал:
„Да заклучам: земете ја вашата награда, заблагодарете се на вашиот агент и вашиот бог и од***те“.
Потоа, тој директно го поздравил холивудскиот глумец Леонардо Ди Каприо, велејќи дека филмот во кој глуми, „Беше еднаш во Холивуд“, е толку долг што неговата придружничка на премиерата, кога ќе заврши филмот, ќе биде престара за него.


Потоа директно му се обратил на Леонардо Ди Каприо со совет да се освести бидејќи има скоро 50 години и повеќе не треба да забавува 20. годишни девојки…
Засега нема реакции од Лео за советот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …