(ВИДЕО) Шестмесечно бебе победило коронавирус – Лекарите и сестрите и аплаудирале

Шестмесечната Ерин Бејтс целосно се опоравила од коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.
Бебето било примено во болницата во Ливерпул пред две недели и било споено со кислород. Набргу после тоа, пристигнале наодите кои откриле дека е заразена со Ковид-19.
Лекарите и далемала шанса да заздрави додека се опоравувала од операцијата на срцето.
Нејзиниот татко објавил фотографија од својата ќерка од болнички кревет за да ги предупредува луѓето да ја почитуваат социјалната далечина и да останат дома.


Gepostet von Wayne Bates am Sonntag, 23. Februar 2020

Ерин го победи вирусот. Таа се насмевнува и гуга“, напишач нејзиниот татко Вејн, а среќна е и мајката.
„Ние сме горди. Толку малечка, а таков борец “, додала таа.


Персоналот во болницата и одал почест на малата Ерин откако излегле од просторијата за изолација со голем аплауз што се слушал низ ходниците, додека ја превезувале во одделот каде ќе помине уште некое време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …