(ВИДЕО) Семејството на Булент Ибрахим обвинува за условите во кои бил опериран

Од понеделникот до средата, Ибрахим примал инфузија од докторот кој го оперирал во изнајмената операциона сала во Аеродром. Состојбата се влошувала од минута во минута, па го однеле во болницата „Осми септември“ за да го спасат. Заедно со семејството, таму бил присутен и хирургот.
Во јуни требаше да наполни 38 години – но, рутинска ласерска интервенција беше кобна за него. Булент Ибрахим во последните месеци имал проблеми со хемороиди. Пред тоа бил здрав и никогаш не бил во болница за ништо, сведочи неговото семејство кое е завиено во тага. Во последниот период имал големи болки и побрзал да се оперира. Барал кај кој доктор е поевтина операцијата, за таму да отиде да се излечи. Хирургот од приватната ординација му побарал 750. евра за навидум рутинска интервенција. Во големите приватни клиники тоа чини и двојно повеќе. Пред операцијата Ибрахим бил на преглед. Не му ја прегледаа ниту крвта, ни кажа неговото семејство. Го оперираа во просторија која не личи на операциона сала, информира Телма.


Мајката Нурије Ибрахим не сакала да зборува пред камера. Со солзи во очи покажуваше стари фотографии на починатиот син.

Кога синот и кажал дека ќе се оперира, таа дошла во Скопје за да им биде поддршка нему и на неговата сопруга. Таткото, Сулејман Ибрахим, бил во домот во Ресен каде чекал информации за состојбата.Пред камера просведочи што се случило со неговиот син во тие кобни денови – од кога се оперирал, до кога починал. Непосредно по операцијата имал големи болки.


Од понеделникот до средата, Ибрахим примал инфузија од докторот кој го оперирал во изнајмената операциона сала во Аеродром. Состојбата се влошувала од минута во минута, па го однеле во болницата „Осми септември“ за да го спасат. Заедно со семејството, таму бил присутен и хирургот.

Булент Ибрахим го погребаа завчера без да биде направена обдукција на неговото тело бидејќи семејството тоа не го прифатило. Најавиле дека ќе побараат институционална разврска на нивниот случај. Го повикаа и министерот за здравство Филипче да прави строги контроли на приватните клиники со цел ваков случај да не се повтори и во иднина.


Извор:telma.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …