(ВИДЕО) Се срушил облакодер во Мајами!

Дванаесеткатница, синоќа, делумно се сруши во Мајами, а на местото на несреќата има 80 противпожарни единици, објави противпожарната служба на Мајами на Твитер.
Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините има крици.
Снимките од местото на настанот покажуваат улица полна со остатоци и делови од делумно срушена зграда од 12. ката.


Еден од сведоците рекол дека видел спасување луѓе од балконот. На лице место е и полицијата која им помага на пожарникарите и службите за итни случаи.

Фото: Принтскрин/Miami Beach Police Department/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …