(ВИДЕО) Се шири емотивна снимка: Зборувал за ракот и плачел – никој не ја знаел неговата тајна!

По социјалните мрежи се шири емотивно видео од sвездата на „Црниот пантер“, Чадвик Босеман.
За време на интервјуот за радиото SiriusXM зборувал за две децаво терминалната фаза на рак кои сакале да го доживеат прикажувањето на филмот „Црниот пантер“, а за време на неговиот говор не можел да ги задржи солзите. Со оглед на тоа што сега е познато дека и тој самиот се борел со рак на дебелото црево во тоа време, ова интервју доби подлабоко значење.
Босеман зборува во интервју за момчиња по име Иан и Тилор, а нивните родители му рекле на Босеман дека малите сакаат да издржат до почетокот на прикажувањето на филмот во февруари 2018 година.
“После тоа се чувствувате скромно, размислувате колку им значи, знаете. Но, кога ќе видам како светот нè прифати, дека стана движење и сега има свој живот, сфатив дека се случува нешто големо”, рекол тој.
Тој додал дека момчињата починале пред премиерата.
„Кога слушнав дека се …“, рекол тој пред да се расплаче.


Неговите колеги Лупита Нионго и Данаи Гурира тргнаа да го утешат.
„Значи, ова ми значи многу“, рекол тој кога малку се смирил.
Босеман ја загуби битката со ракот во петокот, 28. август 2020. година, на 43-годишна возраст.
“Сега кога знаев дека му е дијагностициран карцином во 2016. година, ја сфаќам тежината на ова. Благословени сме што човек со толку големо срце беше со нас. Да живее кралот”, рекол еден фан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …