(ВИДЕО) Ринго Стар е болен, ги откажал настапите: „Не е Ковид 19“

Ринго Стар бил принуден да ги откаже своите настапи овој викенд откако се разболел од мистериозна болест.
Легендата на Битлси (82) требало да настапи во казиното Four Winds во Њу Бафало, Мичиген во саботата вечерта, но шоуто било откажано кога Стар почнал да се бори со својот глас.
Потврдено е и дека Стар не бил позитивен на Ковид и дека има здравствен проблем што му влијае на гласот.
Ѕвездата, исто така, требало да настапи во казиното Mystic Lake во Приор Лејк, Минесота во неделата, но и тоа било откажано и од местото на настанот потврдиле дека пејачот е болен.
Во соопштението на веб-страницата на казиното се вели: „Концертот на Ринго Стар и неговиот Ол Стар бенд закажан за 20 часот во недела на 2 октомври 2022 година е одложен. Ринго е болен и се надеваше дека ќе може да настапи, па оттука и доцното известување“.


„Ринго нема КОВИД 19. Тој и бендот испраќаат мир и љубов до сите фанови кои планираа да излезат и да го видат шоуто. Презакажаниот термин ќе биде објавен во иднина“, заклучиле тие.
Веста доаѓа откако Стар објави фотографија на која тој и тапанарот Грег Бисонет позираат заедно покрај нивниот приватен авион.
„Грег и Ринго се на нивната следна свирка, благодарам, благодарам, Торонто,ви испраќам мир и љубов“, напишал Стар заедно со различни емотикони.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …