(ВИДЕО) Пукната гума однесе 14. животи: Да се помолиме за оние кои се борат за живот!

Најнови информации велат дека сообраќајната несреќа на патот Скопје – Тетово однесе 14. животи, а уште петмина се борат со сериозни повреди.
Да потсетиме, автобусот кој превезувал 50. патници од Скопје во Гостивар вчера попладне ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната страна и излетал од патот па се превртел.


Aksident i rëndë në autostradën Shkup -Tetovë


Gepostet von Alsat am Mittwoch, 13. Februar 2019


Live nga aksidenti

Gepostet von Tv Koha – Tetovë am Mittwoch, 13. Februar 2019

ВО ЖИВО: Се извлекуваат патници од превртениот автобус

ВО ЖИВО: Се извлекуваат патници од превртениот автобус

Gepostet von A1on.mk am Mittwoch, 13. Februar 2019

Најмладата жртва имала 25. години
На итниот оддел на Клиничката болница „Мајка Тереза“ се наоѓаат пет пациенти, од кои тројца се полесно повредени, меѓу кои и една трудница. Едно лице се бори за живот“, рекол министерот за здравство Венко Филипче, кој додал дека меѓу настраданите нема деца, но има млади на возраст од 25. до 30. години…
Возачот бил во свесна состојба и полицијата земала изјава од него. .
Во спасувањето на настраданите учествувал голем број пожарникари и медицински екипи, а на лице место пристигнале голем број возила на брза помош од Здравственит центар во Скопје а се ангажирале и екипи од приватните болници „Систина“, „Неуромедика“ и „Ремедика“.

Причина е пукната гума
Според тврдењата на сведоците, како што пренесуваа медиумите од лице место, до несреќата дошло кога на автобусот мупукнала гума поради што возачот ја загубил контролата и преминал на спротивната страна на автопатот, ја пробил заштитната ограда и се превртел во провалија.

Tragjedi ne autostraden Shkup Tetove

Gepostet von Alsat am Mittwoch, 13. Februar 2019

Родители извлекувале деца од уништениот автобус
Еден татко раскажал како го спасил својот син од автобусот.
„Сам го извлеков од автобусот. Ми сејави и ми кажа што се случило, дека имале несреќа“, раскажал таткото.
Тој на новинарите им рекол дека веднаш штом мју се јавил синот од Гостивар тргнал кон местото на несреќата.
„Беше ужасно“, додал кусо мажот. Синот го одвел во болницата „Мајка тереза“ каде бил опериран.

Banorët lokal ndihmojnë autoritetet, në autobusin e rrotulluar ka edhe të lënduar

Gepostet von Klan Macedonia Television am Mittwoch, 13. Februar 2019

Сведок: Смрдеше на нафта, се слушаше плач, беше ужасно
Како што известиле сведоците, местото на несреќата било стравично, а се до доаѓањето на брзата помош на унесреќените им помагало локалното население.
„Прво во помош дојдоа локалните жители. немаше деца, сите беа возрасни. Го сечевме автобусот за да ги спасиме луѓето. Слушнавме плачење, беше страшно“, рекол претседателот на месната заедница во изјава за Телма.
„25. луѓе со приватни возила превезовме до болница. Се плашевме автобусот да не се запали бидејќи смрдеше на нафта“ додал.

Извори:AlsatMTelevision, Телма,Tv.Koha.Tetove,a1onmk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …