(ВИДЕО) Препорака за филмови денес – одлична филмска вечер на RTL

Љубителите на филмската уметност, особено на акцијата вечерва на каналот РТЛ ќе имаат вистинска можност за филмско уживање – и тоа цела вечер Од 20. па се’ до 02. часот…со актери како Џон Траволта, Дензел Вашингтон,Рајан Рејнолдс,Џејсон Стетам, Клајв Овен, Роберт Де Ниро,Доминик Пурсел…

20:00  „Елита на убијци“ – трилер, 2011
Содржина:Само најдобрите ќе преживеат.
Годината е 1980. Професионалните убијци Дени Брајс (Џејсон Стетам), Хантер (Роберт Де Ниро), Дејвис (Доминик Пурсел) и Мејер (Аден Јанг) се наоѓаат на задача во Мексико. Ненамерно, Дени ја убива метата, иако не планирал да го елиминира човекот пред неговото дете, и ранет бега од местото на злосторството…
Потресен од целата ситуација, Дени одлучува да се повлече во родната
Австралија. Една година подоцна повикан е во Оман, каде Хантер го држи како затвореник. Дени се среќава со агент кој има предлог за Дени. Имено, Хантер прифатил мисија, за 6. милиони долари, но не ја извршил задачата. Сега, ако Дени не го направи тоа за што е Хантер платен, Хантер ќе биде погубен…
Улоги: Џејсон Стетам, Клајв Овен, Роберт Де Ниро,Доминик Пурсел.


 


22:20  „Сигурна куќа“ – трилер, 2012
Содржина: Во Кејптаун, бивш агент на ЦИА, Тобин Фрост (Дензел Вшингтон) кого САД го обележал како издајник и меѓународен криминалец, добива медиум со подготвени тајни податоци кои ги собрал одбегнатиот МИ6 агент, Алек Вејд (Лиам Канингам).
Група платеници под водство на Варгас (Фарес Фарес) ја напаѓа двојката, Вејд е убиен, а на опколениот Фрост не му преостанува ништо освен да се предаде и да биде предаден на американскта амбасада. Фрост е префрлен во сигурна куќа на амбасадата која ја „одржува“ Мет Вестон (Рајан Рејнолдс), млад и неискусен агент на ЦИА кој набљудува како агентот Даниел Кифер (Роберт Птрик) и
неговите луѓе го измачуват Фрост. Одеднаш во комплексот снемува струја, а агентите на ЦИА сфаќаат дека се во опасност.Неколку секунди подоцна во сигурната куќа влетуваат Варгас и неговите платеници и ги ликвидираат Кифер и неговиот тим. Вестон успева да избега и со себе да го земе Фрост…
Улоги: Дензел Вашингтон,Вера Фармига, Рајан Рејнолдс, Роберт Патрик,Брендан Гисон, Сем Шепард.


 

00:35  „Убиствени намери“ – криминалистички, 2003
Содржина:Легендарниот ренџер, Нејтан Вест, води шест кадети  на посебна вежба во прашумите на Панама, каде беснее олуја. Меѓутоа, во акцијата на спасување пронајдени се само двајца војници, од кои еден е тешко ранет.
Веднаш се покренува истрага, но веќе на самиот почеток на испитувањето војниците даваат до знаење дека ќе разговараат само со друг ренџер.
Командантот на помош го вика бившиот ренџер и сегашен агент на Агенцијата за наркотици, Том Харди…
Улоги: Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон, Кони Нилсен, Тим Дејл.

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …