(ВИДЕО) Позната причината за смртта на Момир Луковац (24) – ѕвездата на „Гранд“

Наводно, овогодинешниот учесник на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“, дваесет и четиригодишниот Момир Луковац, извршил самоубиство, а истрагата траела до раните утрински часови.
Здружението на поп-уметници на Црна Гора и неколку учесници на популарниот натпревар синоќа објавија дека нивниот драг колега починал.
Со тага и неверување се збогуваа со емотивни пораки во описот на фотографиите и снимките на Момир.
Негов ментор беше Александар Милиќ Мили, а последниот настап во „Звездите на Гранд“ беше на крајот на јануари годинава.
Жирито му предвиде блескава кариера поради завидните вокални способности, а тој беше омилен меѓу неговите помлади колеги.
„Тој беше вистински пријател и одличен пејач. Нема лош збор за него затоа што тој се покажа и се докажа само со добри дела. Луѓето честопати му велеа дека ќе стане голема sвезда и единственатакоја не би се вообразила поради популарност. За жал, тоа не се случи“, изјавил за медиумите еден од пријателите на Момир.


Фото: Принтскрин/Youtube/Zvezde granda

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …