(ВИДЕО) Пожар во луксузен облакодер: Огинот избувнал на 19. кат, има жртви…

Денеска избувна пожар во луксузна зграда од 61. ката во Мумбаи, на западот на Индија, соопштија пожарникарите.
„Њу Делхи ТВ“ објави дека едно лице го загубило животот, но засега нема потврда од противпожарните власти, пренесува АП.


На телевизиските снимки се гледа како силен црн чад излегува од станот на 19. кат од зградата, додека 16. противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Пожарите се вообичаени во Индија бидејќи градителите и жителите често ги прекршуваат законите за градење и безбедносните стандарди.

Во август, осум пациенти со Ковид загинаа во пожар во болница во Ахмедабад, во индиската држава Гуџарат. Во декември 2018. година, во пожар во ресторан во Мумбаи загинаа 15. луѓе.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …