(ВИДЕО) Посни кифлички на вода, меки како душа: Совршено тесто за деновите на пост !

Испробајте го овој рецепт, сигурни сме дека ќе бидете воодушевени!
Состојки:
400 мл вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка куркума
2 лажички сол
2 лажичка оцет
20 г свеж квасец
700 – 750 г брашно
1 кесичка прашок за печиво (10 г.)



Прелив
:
100 мл вода
1 лажица брашно
малку сол
Подготовка:измешајте ги квасецот шеќерот и малку млака вода.
Додајте куркума, остатокот од водата и оцетот.
Половина брашно во кое сте додале сол, прашок за печиво.
Замесете тесто со додавање брашно па оставете да отстои околу 30. минути.
Замесете, поделете го тестото на два дела, расукајте, исечете на триаголници и завиткајте кифлички (погледнете го видеото).
Оставете да стасаат на тава, рерната вклучете ја на 200 степени.
Ставете ја водата да зоврие, сол и брашно па со врелата смеса намачкајте ги стасаните кифли.
Испечете ги кифлите и покријте со крпа додека се изладат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …