(ВИДЕО) Полјак сакал да се пофали во Ламборџини, па удрил во ѕид

КОГА ВОЗНАТА вештина и бројот на коњи под хаубата се во нерамнотежа, ги имаме сите услови за несреќа. Му недостига само малку адреналин и желба за покажување, исто како што имал овој возач.
Видеото го овековечи моментот кога полски возач на Ламборџини врти на авенијата во Варшава. Со турирањето на моторот, тој го најавува своето помпезно пристигнување на главниот пат, кој момент подоцна ќе заврши со фијаско.


Како што често се случува, возачот му дал премногу гас на V10 на Lamborghini и Huracan излегол од контрола.
Секако, тогаш паниката си го направила своето, па секој обид да се поправи автомобилот пропаднал. Автомобилот завршил во ѕид со значително оштетување на возилото. Доброто од несреќата е што немало други учесници во сообраќајот, а брзината била релативно мала.
Иако сопственикот платил минимална казна од само 200 полски злоти или помалку од 50 евра, цената на поправката сигурно нема да биде евтина. Тоа секако беше заклучокот на сите минувачи кои во тоа време случајно се нашле на булеварот „Емилија Платер“ во Варшава и со своите мобилни телефони го снимиле доаѓањето на Ламборџини.


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …