(ВИДЕО) ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО УБИ ЏОРЏ ФЛОЈД Е НА СЛОБОДА: Платил кауција од милион долари – Америка повторно на нозе!

Дерек Човин, поранешен полицаец од Минеаполис кој на глансен начин го уби афроамериканецот Џорџ Флојд, е ослободен од затвор.
Човин беше ослободен во средата наутро, а тој приложил „непарична“ кауција во износ од еден милион долари.


Да потсетиме, тој беше во затвор од 31. мај, кога беше уапсен и обвинет за убиство од втор степен, откако се појавија видеа на кои се гледа како клечи на вратот на Флојд. Потврдата за ослободување од затвор, објавена од канцеларијата на шерифот во областа Хепенин, покажува дека станува збор за условно ослободување.


Како што веќе пишувавме, Човин беше снимен како клечи на вратот на Флојд скоро девет минути за време на апсењето, додека починатиот го молеше да го пушти и велеше дека не може да дише. Резултатите од обдукцијата покажаа дека Џорџ Флојд (46) починал како резултат на задушување.
Овој случај започна цел бран протести против полициското насилство, не само во Америка, туку и низ целиот свет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …