(ВИДЕО) Погледнете го лудиот потег на возачот кога видел дека „пајакот“ го одвезува неговиот автомобил

Вирално видео објавено на Твитер покажува што направил сопственикот на Dodge Challenger откако се обиделе да го запленат.
Видеото го снимила задната камера на влечната служба, а се изгледа како сцена од филмот „Брзи и бесни“.
Имено, сопственикот скокнал на возачкото седиште на неговиот Challenger, кое го влечела влечна служба. Кога камионот влегува на раскрсницата, возачот на Челинџерот удира на педалот за гас и се ослободува од влечниот камион во движење, но за малку ќе удрел во друг автомобил.


Останува нејасно зошто некој би го направил ова, особено кога сите знаеме дека тоа би можело да не доведе во големи проблеми со властите, а и да ги ризикуваме и нашите лични животи. Овде, станува збор за одземање на возило од страна на извршител.
Ако вашиот автомобил е одземен затоа што сте пропуштиле неколку плаќања, тоа е почеток на комплицирана и скапа процедура. За почеток остава негативен белег на вашата кредитна историја, што значи дека ќе ви биде тешко да се квалификувате за идни кредити од банките, пишува Auto Klub.
Јасно е што згрешил сопственикот на Challenger, но возачот на камионот може да се соочи и со обвинение за влечење на автомобилот со патник внатре. „На полето на собирање и складирање работев повеќе од 17 години. Повеќето агенти за влечење нема да возат со некој во друг автомобил бидејќи тоа може да се смета за киднапирање. Веројатно не го забележал момчето како влегува во автомобилот“, напишал еден од коментарите.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …