(ВИДЕО) Погледнете го кошмарот на возач на „Хонда“ на мост што се крева

АКО некогаш сте возеле преку подвижен мост, сигурно сте се запрашале што би се случило доколку операторот почне да го крева.
Сега навистина можете да го видите бидејќи токму тоа го доживеала несреќната „Хонда“. Надзорните камери покажуваат како велосипедист и автомобил го поминуваат мостот додека рампата се спушта. Велосипедистот поминува, а Хонда застанува. Половина минута подоцна се подига мостот, а со тоа и задниот дел на Хондата.
Возачот во страв ја отвора вратата и гледа да се спаси, но се што гледа е површината на водата. Се враќа во автомобилот, а потоа автомобилот полека се лизга кон неподвижниот дел од мостот. Возачот дава гас за да што е можно повбрзо го исправи автомобилот. Задните тркала остануваат да висат додека операторот не го спушти мостот. Возачот потоа забрзува и вози на безбедно.


Среќа во несреќа е што нема повредени освен самата Хонда на која најверојатно ќе и треба барем помал сервис. Што се однесува до операторот на мостот, неговата изјава дека не го видел автомобилот не билаприфатена како олеснителна околност. Добил отказ бидејќи не ја почитувал безбедносната процедура и визуелно го проверил мостот пред кревањето.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …