(ВИДЕО+ФОТО) ФУСТАНОТ што Меган Маркл го носела за интервјуто со Опра е прогласен за „Фустан на годината“

Минатата година Меган Маркла го имаше едно од највпечатливите интервјуа со славната Опра, а сега фустанот што го носеше за таа пригода е прогласен за фустан на годината од Модниот музеј.
Војвотката од Сасекс носеше црн свилен фустан на Армани, седејќи до нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Музејот на модата објавил дека нејзиниот фустан е прогласен за фустан на годината:



– Познато е дека членовите на кралското семејство често користат облека за да испратат порака преку нивниот избор на стил, боја или мотив. Се верува дека Меган Маркл избрала фустан со дизајн на цвет од лотос поради симболичната поврзаност на цветот со повторното раѓање, саморегенерацијата и духовното просветлување и неговата способност да цвета и покрај навидум предизвикувачките услови – стои во соопштението, пренесува People.

Сега, посетителите на музејот „Бат“ во Англија ќе можат одблиску да ја разгледаат верзијата на свилениот фустан и белиот вез од лотос. Во соопштението, музејот објаснил дека секоја година поканува водечки имиња од модната индустрија да го изберат фустанот на годината што „го обликува преовладувачкото модно расположение, ја претставува изминатата година и ја доловува имагинацијата“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот праведен и многустрадален Јов

Светиот праведен и многустрадален Јов Јов беше потомок на Исав, внукот Авраамов и живееше во …