(ВИДЕО) Погача со лук и маслиново масло: Печиво на кое тешко се одолева!

Мирисот на свежо, топло тесто и лук е нешто што на секој човек му отвора апетит
Потребно е: 200 мл млеко, 20 г квасец, коцка путер, 1 лажичка шеќер, малку сол, 100 мл млака вода, 430 г брашно.
Прелив: 100 мл вода, 50 мл маслиново масло, 3 чена лук, сол, сечкан магдонос.
Подготовка: Во млака вода истопете го квасецот и измешајте со шеќерот. Стасаниот квасец истурете го во брашното, додајте путер и млеко. Замесете мазно тесто. Оставете да стасува половина час.Потоа префрлете го тестото на работна површина намачкана со малку масло. Формирајте во тенка ролна и исечете на помалечки парчиња.


Од секое формирајте малечко топче.Тавата за печење покријте ја со хартија за печење па наредете ги топчињата. Покријте и оставете да стасува 20. минути. Намачкајте со жолчка и наросете со крупна сол.
Печете околу 40. минути на 180 степени. Во чинија истурете 100 мл вода, 50 мл маслиново масло, издробен лук и сечкан магдонос. Се’ измешајте. Печената погача полијте ја со смесата со лукот…
Деталите погледнете ги во видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …