(ВИДЕО) Петка како куќа: Антонија Гиговска вечерта на „Пинкови ѕвездички – Сите ѕвезди“ ја затворила на вистински начин!

Антонија избрала вистинска мерка за оваа имитација…
Феноменалната ноќ во „Пинкови ѕвездички – Сите ѕвезди“ во која учесниците имале задача да имитираат домашни или странски изведувачи, повторно ја затворила Антонија Гиговска. Таа ја испеала „Whenever, Wherever” и се обидела во потполност да ги долови ликот и делото на Шакира.
Антонија повторно потполно го освоила жирито кој ја честел со чиста петка, што значи дека Антонија директно се пласирала во следниот круг натпреварувања.


„Ти нејзината боја на глас потполно си ја симнала, да замижев е мислев дека е навистина таа. Морам да ти откријам една малечка тајна, јас сум вљубена во оваа песна и сакав една токму таква па Марина ми ја напиша ’Мали сигнали’ која тогаш беше голем хит. Си избрала изведувач кој е многу специфичен. Ништо не ми пречеше, петка како куќа“, рекла Наташа Беквалац.
„Нема тука што, некому кој е толку добар пејач, некој кој е роден за сцена, кој така владее, најмал проблем му е некого да имитира. Ова навистина беше спектакуларно, најдоброто за крај“, рекол Милан Станковиќ.
Настапот со „Whenever, Wherever“ на Антонија Гиговска можете да го видите на видеото подолу:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …