(ВИДЕО) ОВОЈ ЧОВЕК Е НЕЗАПИРЛИВ – ПУТИН ВО АКЦИЈА НА ЛЕД: Заедно со Шојгу одиграл хокеарски натпревар на Црвениот плоштад

Претседателот на Русија, Владимир Путин учествувал во новогодишниот натпревар на Ноќната хокеарска лига, која започнала во средата вечер на Лизгалиште на Црвениот плоштад во Москва.
Рускиот лидер, традиционално, го носел дресот со број 11.
Заедно со него во екипата на црвените играле и, помеѓу останатите, министерот за одбрана Сергеј Шојгу и легендите на домашниот хокеј – Павел Буре, Валериј Камински, Алексеј Касатонов и други.


Противничкиот тим кој играл во бели дресеови го чинеле, помеѓу останатите, губернаторот Алексеј Гјумин, бизнисмените Генадиј Тимченко, Владимир Потанјин и Роман Ротенберг, како и музичарот Игор Бутман и подмосковкиот губернатор Андреј Воробјев.


Минатата година пријателскиот натпревар на Црвениот плоштад во кој играл Путин бил одржан на 29. декември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …