Извлекувањето на Лото во Ирска минатиот викенд станало главна тема во таа земја.
Без разлика дали сте посветени на играње лото или го сметате за губење на време, ќе се согласите дека секој испад на ова извлекување е повеќе од интересен, бидејќи секоја евентуална грешка со себе влече низа контроверзни прашања, а зборот кој најмногу се споменува е „местење”.
Забавата за милиони луѓе и надежта дека ќе добиете пари, е прогласена за измама на векот.
Причината е едноставна – во барабанот имало топче со два броја, 33 и 38. На едната страна го пишувало едниот, а на другата другиoт број.
Гледачите биле шокирани, а сега сите тврдат дека лотаријата е наместена.
Водечките луѓе на лотаријата реклe дека станувало збор за рефлексија, односно дека било извлечено бројчето 38, но дека едната осмица не се гледала добро поради светлото насочено во самото топче.
(ВИДЕО) Откриена лото измама на векот: Добро погледнете го топчето 38
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.