(ВИДЕО) Оперската певица и актерка Тамара Ангеловска гради кариера во Бугарија: „Сакам да играм на филм со Сашко Коцев и Никола Ристановски“

Младата и талентирана Тамара Ангеловска (23), веќе пет години живее и работи во Бугарија како оперска певица и актерка. Почетоците со музиката ги направи во Македонија. Заврши нижо и вишо музичко училиште како флејтист, а во истовреме се занимаваше со пеење. Образованието го продолжи на студии на Новиот Бугарски Универзитет како оперска певица, мастер на актерска глума и драмски уметности.

„Мојата мајка е голем љубител на уметноста, иако не се занимава со тоа. Благодарение на неа, уште од седумгодишна возраст посетувам опера и ми остави впечаток начинот на актерската игра, истовремено и музиката. Со помош на врвните професори сфатив дека имам талент и решив да си го насочам патот кон операта”, раскажа Тамара за Репортер.


This image has an empty alt attribute; its file name is tamara-angelovska.jpg

Покрај талентот за пеење и глума, таа се пронаоѓа во операта како нејзина примарна професија. Тамара има и филмско искуство. Се појави во две телевизиски бугарски серии кои ѝ донеле поразлично искуство од театарското.
„Многу вредно искуство затоа што првпат се сретнав со кинематографијата. Во тој момент немав никаква идеја како е на сет, затоа што е многу поразлично од тоа што го нуди театарот. Добив понуда за кастинг, го поминав успешно и се најдов во улогата на бремената Тања во телевизиската серија ‘Украден живот’ која се прикажуваше и кај нас во Македонија. Потоа имав улога како агент во телевизиската серија ‘Браќа'”, вели Тамара.


This image has an empty alt attribute; its file name is tamara-angelovska-4.jpg

Со воодушевување зборува за Софија каде сега живее , бидејќи таму одблизу се запознала со оперското мајсторство и инструменталната музика. Кога е таму најмногу ѝ недостасуваат семејството и пријателите.


„И таму стекнав круг на пријатели, но ништо не може да го замени домот”, рече Тамара.
Како Македонка која живее среде главниот град на Бугарија вели дека пријателите со кои комуницира секојдневно се однесуваат прекрасно со неа и засега не се соочила со некаков политички проблем.

This image has an empty alt attribute; its file name is tamara-angelovska-2.jpg

Во Макединија немала понуди за да глуми во филм или театар, но смета дека тоа се должи затоа што ретко доаѓа во тука и ретко се движи во тие кругови.

За мекедонската оперска певица и актерка која гради кариера во Бугарија, гледајте го интервјуто.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …