(ВИДЕО) ОМРАЗА ВО СУПЕРМАРКЕТ: Христина, Горан и Северина во спотот „Хејт, Словени!“ – Кампања со цел да се поттикне култура на дијалог, емпатија и разбирање меѓу луѓето!

Како дел од кампањата против говорот на омраза, босанско-херцеговскиот магазин „Бука“ на својот ЈуТјуб канал го објави видеото „Хејт, Словени, дали сте уште живи?“, А главните улоги ги играат актерите Христина Поповиќ и Горан Богдан, како и поп-пејачката Северина Којиќ.
Христина глуми муслиманка која купува во супермаркет, Горан е месар, Србин, а Сева е хрватска касиерка. За цело време, тројцата се навредуваат врз секоја основа, како тоа да е најнормално.
„Сведоци сме на сè почест говор на омраза, претежно на Интернет, но и надвор од него, кој се заканува да стане општо прифатен начин на комуникација во нашето општество. Опасностите од навикнување на овој вид говор се повеќекратни“, предупредуваат од „Бука“.
Кампањата има за цел да поттикне култура на дијалог, емпатија и разбирање меѓу луѓето. Оттука и поздравот „Хејт (Омраза), Словени“, бидејќи омразата, се чини, стана најнормална како „добар ден“.


Инаку, видеото од вчера го имаат погледнато 409.020 луѓе, а бројните коментари се позитивни во смисла дека треба да се стави крај на омразата помеѓу луѓето, особено од регионот кои некогаш живееле во иста држава.

Фото: Принтскрин/монтажа/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …