(ВИДЕО) НОВИ ХИТ ДЕСТИНАЦИИ – Дубровник повеќе не е „во мода“: Британски Telegraph посочува дека пред да умрете треба да го посетите овој град

Британски Telegraph претстави листа на дестинации за 2023 година кои дефинитивно треба да ги посетите пред да умрете, а интересно е што популарната дестинација од соседството – Дубровник е заменета со нова.
„Она што порано беше случаен куп посакувани дестинации и турнеи, кои се вртеа во вашата глава, сега е ‘The Travel Bucket List’ – серија на авантури низ кои треба да поминете пред да умрете“, според Telegraph.
Појаснувајќи што треба да има на таквата листа, тие посочуваат дека таа треба да вклучува „дружење“ со некои од поголемите светски градови, увид во древниот Египет или крстарење до Антарктикот.
„Времињата се менуваат, расположенијата се менуваат, а она што беше одржливо дури и пред неколку години може одеднаш да застари“, велат тие со списокот што наоѓа замена за дестинациите “It” кои привлекле најмногу посетители.
Така, Telegraph наведува дека Дубровник повеќе не е во мода, а неговото место го зазел Сплит.

View this post on Instagram

A post shared by Branko (@bz.captures)


„Подемот на најпрославениот град во Хрватска во последната деценија беше речиси вертикален. Во 2011 година, Дубровник привлече околу 600.000 посетители. До 2019 година привлекол 1,5 милиони туристи. „Игра на троновите одиграла значајна улога во сето тоа, секако со драматичниот објектив што ги направи средновековните ѕидини на градот голема ѕвезда на хит серијата“, тврдат во текстот.
Тие нагласуваат дека таквите бројки се премногу за град со само 43.000 жители и дека ако сакате да помогнете „да се ублажи овој притисок“ додека се уште ја истражувате Хрватска „полна со историја и јадрански шарм“, погледнете на северозапад.
„Околу 230 километри северозападно, всушност – до Сплит, каде баровите на брегот гледаат на далматинскиот остров Брач, а палатата на Диоклецијан го одбележува споменот на римскиот император кој градот го нарекол дом, но без сцени со гужви на секој втор агол“, се вели во него.
Така на списокот стои дека Верона е нова замена за Венеција, како и Валенсија за Барселона, а целата листа на нови „it“ дестинации можете да ја погледнете на линкот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …