(ВИДЕО) Нов проект на Александар Масевски: Кали – „Ти ми зеде се’“

Соработката помеѓу реномираниот и потврден Александар Масевски и младата и надежна Калина Велковска – Кали резултираше со нова песна…
„Ти ми зеде се’“ е насловот на новата тема која Масевски ја подготви за Кали…на која е комплетен автор (музика, текст и аранжман).
Кали пак ја донесува на оригинален начин,  сигурно и самоуверено…
Во ритамот на песната одлично се надоврзува и спотот кој е дело на Александар Ристовски – Принц. Едноставно извонредно – песната, изведбата на Кали одлично се надополнуават со видеото кое го осмислил и изработил Принс.
Треба да се одбележи дека во изработката на спотот учествувале и – Јана Петровска (кореографија) и Ивана Балабанова – Beatrix Crew.
Сигурно ќе го забележите оригиналниот накин изработен од Еми Норис, додека за оригиналната шминка и фризура е одговорна Зорица Николова.
Накусо – одлична песна која ги потврдува гласовните квалитети на Кали, што се „надоврзува“ на авторското дело на Александар Масевски.
„Ти ми зеде се’“ е нешто ново, емотивно, динамично подготвено и релизирано со многу љубов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …