(ВИДЕО) Николас Кејџ го открил необичното име на детето што го чека со својата 31-години помлада сопруга

АКТЕРОТ Николас Кејџ гостувал во шоуто на Кели Кларксон каде го открил полот и името на детето што го очекува со сопругата Рика Шибат.
„Ќе добиеме девојче“, рекол актерот, а подоцна го открил името што го избрале за нивната ќерка. Кејџ се сетил на времето кога неговиот татко Август „Оги“ Копола беше диџеј и често ја пуштал хит песната на Битлси, Across the Universe. Кога актерот имал четири години, за прв пат ја слушнал песната. Вели дека во тој момент се „замрзнал“ и „парализирал“ и оттогаш му е омилена песна. Во чест на оваа мелодија и таткото на Кејџ, актерот и неговата сопруга планираат да ја именуваат својата ќерка Ленон Оги.


Двојката е во брак од 2021 година, а оваа година ќе го добијат првото дете. Кејџ веќе има две деца, Кал-Ел и Вестон. Тие се запознале во Шига, Јапонија преку заеднички пријатели додека Николас Кејџ го снимал „Затворениците на земјата на духовите“. Нивното прво појавување датира од почетокот на 2020. година, кога беа фотографирани во Њу Орлеанс, среде посета на гробница во форма на пирамида што ја купил во 2009. година.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …