(ВИДЕО) Нигериската сојузна држава воведува кастрација за силувачите на деца

Нигериската сојузна држава Кадуна донесе закон според кој осудениците за силување деца на возраст под 14. години ќе бидат казнети со кастрација.
Насир Ахмад ал-Руфаи, гувернер на оваа нигериска северозападна држава, кој претходно се залагаше за ваква казна, ќе го потпише законот за да може тој да стапи во сила.
Според нигерискиот федерален закон, казните за силување деца се движат од 14. години до доживотен затвор. Но, државите можат да направат свои закони.
Патем, ваквите злосторства ретко се пријавуваат во Нигерија поради стигматизација.
Од 2015. година до денес се покренати обвиненија против околу 40. лица осомничени за силување. Но, незадоволството во јавноста поради бројните силувања расте. И’ во јуни, федералните гувернери прогласија вонредна состојба поради силување и насилство врз жени.
Да ве потсетиме, еден од најкрвавите конфликти во светот се одвива во централниот дел на Нигерија. Илјадници се убиени во децениските етнички судири. Раселените лица се соочуваат со низа предизвици. Тие живеат главно во бегалски кампови, каде што жените се’ повеќе се изложени на сексуален напад.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …