(ВИДЕО) Негрижа во јасли: Бебе изгризано 25. пати од другарче!

Веќе имаше неколку случаи во кои негувателките не се однесуваат одговорно кон децата што ги чуваат во градинка или јасли, но овој случај од Аризона, САД, е навистина посебен…
Мајката Алис Мартин од Тусон, Аризона не можела да им верува на своите очи кога ја соблекла својата 14.месечна ќеркичка по враќањето од јаслите во градинка.
На нејзиното тело пронашла повеќе од 25. рани, траги од гризење.
Расплаканата мајка веднаш случајот го пријавила во полиција,а стручњаците веруваат дека станува збор за траги од гризење од друго дете.
„Желудникот ми се преврте кога ја соблеков ќерка ми и ги видов црвенилата. Бев бесна и тажна во исто време.Во првиот миг не можев да верувам дека тоа се траги од гризење, а потоа мозокот ми се исклучи и почнав да плаќам. Ги имаше повеќе од 25“, раскажала Алис за локалните медиуми.
Тажната мајка воедно истакнала дека била бесна и поради фактот што никој од градинката не ја информирал што се случило и дека нејзиното дете преживеало вистинска траума.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …